хартија (имн.) - во (предл.)

Ги фрли во кошот за хартија во кој одамна не беше ставил ништо.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го погледна испишаниот лист хартија во моите раце.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Долу на улицата мали вители од ветер тркалаа прав и искината хартија во спирали и иако сонцето светеше, а небото беше јасно сино, изгледаше како во ништо да нема боја освен во постерите што беа излепени насекаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Идејата без сомнение беше апсурдна, но искрсна во неговиот ум во истиот момент кога го почувствува парчето хартија во својата рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Одлично“, рече Сајм отсутно, не кревајќи го погледот од својата хартија во ролна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О'Брајан држеше еден лист хартија во рацете и внимателно го проучуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Материјалите врз кои работат мејл-уметниците се секакви; од картон, пластична фолија, плексиглас, метал, платно, хартија во боја, до стиропор, конфети, човечка коса, нокти, секојдневни предмети, фотографии, филмски ленти итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Животот го спасува техниката на дневниот живот: да се стави хартија во машината за пишување, да се напише текстот, да се прати напишаното во Амстердам, да се телефонира во Загреб...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Знаејќи какво е нивото на колор-печатот во Македонија малку потреперуваме како ќе испаднат феноменалните слики на А.Станковски, но како испадне - испадне, парите беа толку, се потрудивме максимално сѐ да биде океј, работата е во рацете на Господ&печатарот, а оваа земја е толку бедна што ни поспецифична хартија во неа не може да се најде...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И јас сега, ноќва, на листот хартија во машината, напишав: „...само младост немаме, и здравје и радост немаме, мила моја!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Застапникот, кој цело време седи некако стуткано како да сака нешто да скрие од некого и со двете раце во скутот, држи листови хартија свиткани на две, колебливо станува од местото со листовите хартија во десната рака, потоа ја крена раката, ги фати листовите со двете раце и почна да чита често неумесно запирајќи или затоа што текстот му е нечитко напишан или можеби му го напишал некој друг.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тој миг Фисот го грабна мојот есеј, го искина на парчиња, и потем ми се доближи; ме фати за коса и ми го турна клопчето хартија во устата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Светиот Архангел Михаил беше насликан со хартија во левата рака, ама со меч во десната, и тој пусти меч некако го разбуди ибн Бајкота.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Меѓутоа, знај дека хартијата во која се спакувани, за сите е од ист квалитет. А знаеш ли зошто е така!?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имаше парче хартија во рацете.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)