хартија (имн.) - или (сврз.)

Оти рече Филозофот: „Јас буквите ини на карпата не можам да ги прочитам и да ги узнаам; најпрвин на хартија или пергамент треба да ги ставам, за да може топлината да им се врати каменот што им ја одземал, што им ја шмукнал, па потем, според топлината на буквите ќе им ја определам светлината, бојата нивна, и конечно, значењето нивно.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Низ мускулните ѕидови продираа неговите слатки зборови и оставаа траги во јазелот на мостот оставаа дамки на запалена цигара врз хартија или допир од машки раце Нож ли беше во темниот мрак каде двете тела разгорени се влечеа?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Понекогаш успеваше да истурка хартија или вреќа, да отвори пат за својот студен и мокар здив.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Та нели тој задоволство наоѓа токму во возбудата од она што со леснотија му го шета моливот по белиот лист хартија или прстите по тастатурата да нанесуваат знаци по виртуелниот празен простор на екранот пред него. Сега Едо ги имаше сите Едовци.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Низ мускулните ѕидови продираат неговите слатки зборови, оставајќи траги во јазелот на мостот, оставаа дамки ко запалена цигара врз хартија или допир од машки раце.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Затоа Бомарцо и понатаму нѐ опчинува: таму подлогата не е хартијата или платното, туку непосредно на самата природа & се наметнува анаморфотичката лудачка кошула, односно од неа, со помош на церебрални конструкции - како што тоа привлечно го покажува цртежот од студијата на одеци на А.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Па така се појавија и првите преградни ѕидови од летви и црна катранска хартија или од ребрести долги ролни картон.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се купува спакувана во хартија или пластична фолија и се отстранува со загреан нож.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)