ходник (имн.) - во (предл.)

Влеговме во собата и гледавме во влажните ѕидови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Малите човечиња слични на бубалка, кои толку итро итаат низ лавиринтот од ходници во Министерствата - тие исто така никогаш нема да испарат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Горда не му одговори, само му го сврте грбот и тргна пред него низ краткиот ходник во внатрешноста на станчето како кутивче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Некоја 18 okno.mk мешавина, би рекол, од смрдеата на валканите, измастени овчи кожуви и оној смрад кој неизветриво струи по касарнските ходници во кои ноќе мирисот на мочката се меша со испарувањата на мокрите војнички чизми.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во малиот ходник во кој мирисаше на мувла една врата беше подотворена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И дека распоредот на кујна плус купатило плус светли и темни ходници во нашата колективна свест е горе-долу ист како и во нивната?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Од празните болнички соби и ходниците во кои владее длабока, мртва тишина што ја поматува само тивкото крцкање на подгниените прозорци со испокршени стакла и врати, бие огромна осама која предизвикува измачувачки немир и чувство на болка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)