холокауст (имн.) - во (предл.)

Холокаустот е трагедија искусена од повеќе народи, а напати ми се чини и судбина на современата цивилизација која продолжува да трае и во таа нејзина трагична димензија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во музејот во Лос Ангелес не е употребен импозантниот документарен и меморијален пристап што го одликува Музејот на холокаустот во Вашингтон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За прецизните сугестии за надополна и уточнување на последната проза од оваа книга, длабока благодарност им должам на д-р Исак Нехама, ветеран од Втората светска војна и активен волонтер на Музејот на холокаустот во Вашингтон, како и на г. Роберт Бедфорд, извршен директор на Фондацијата за унапредување на сефардските студии и култура.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
При преминувањето од една во друга сала на Куќата на холокаустот тешко е да се сочува рамнодушноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе отколку да информира во склад со историските критериуми, неговата намера е психички да ги привлече посетителите и од гледањето да направи прилика за соочување и освестување, ако не на сопствениот расизам, тогаш скоро сигурно за рамнодушноста кон драмата на другиот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)