хомосексуалност (имн.) - никогаш (прил.)

Но, има и една мошне конкретна идеолошка придобивка што произлегува од дефинирањето на хомосексуалноста како политичка и општествена состојба, а не како субјективна: таквата чисто политичка дефиниција на гејството помага да се осигура дека хомосексуалноста никогаш повеќе нема да се сфаќа како душевна болест – како болештина за која треба да се обвинат геј-луѓето како поединци, наместо да му се стави на товар на хомофобичното општество во кое живееме. ‌Лезбијското и геј-движење, затоа, имало и тоа како добри причини да го обезважнува субјективното доживување на хомосексуалноста, да пренебрегне како ние ја чувствуваме хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)