храна (имн.) - е (гл.)

Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Од ќерка ви Бреза. LOUSY T-SHIRT Бев десет дена во Охрид, а оттаму право за Крушево отидовме, уште пет дена на планина и пак дома, во скопскиот летен пекол.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Храната е добра. Минаа десет илјади години од последната храна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Да ви кажам право, баш ми недостигате.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Уживаме! Храната е така-така. Болна не сум. Друштвото е супер. Имам доволно пари. Јавете ми се на телефон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе се „фурам на шема – Гонцо“: храната е супер, луѓето се богати, имам пари колку сакаш, не сум болен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)