хумор (имн.) - во (предл.)

Тие едноставно очекуваа ние да веруваме во тоа што го правиме и дека тоа што го правиме, го правиме сериозно, што, секако, не беше вистина - па, ние не бевме интелектуалци.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пол го обвинуваше ЛСД-то за исчезнувањето на хуморот во шеесетите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Рече дека единствена личност на ЛСД со уште нешто малку хумор во себе е Тимоти Лири.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неодолив со спонтаниот хумор во своите први улоги, тој, според критиката, во последните беше премногу артифициелен.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Брус Такер ќе го создаде Д.З.В.Н.Х.В.У.: Друштвото за враќање на хуморот во уметноста. (S.F.P.B.I.A.: Society for Putting Humour Back Into Art).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
ЈАКОВ: Мешајте се госпоѓо. Внесете малку хумор во нашава херметична кавга.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но тие и така мадро си седеа да не носат модро: знаеја дека прават хумор во бесконфликтно општество, беа свесни дека можат да ја критикуваат само соборената класа и дека нема ништо смешно во новата работничка што се регрутираше од селската сиромаштија, им беше укажано на недопирливите теми и имиња - сето тоа тие го имаа во малиот џеб, па сепак од некаде вадеа хумор, од ѓон цедеа лој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Постојат различни нијанси на хумор; Зошченко користи една што многу ми се допаѓа, еден вид хумор кој ви помага да избегате од кафезот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тоа е еден специфичен вид на хумор, многу сличен на хуморот во кратките приказни на Рускиот писател Михаил Зошченко (1895 -1958).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Го засакав вашето пишување и свежината на оваа книга со многу хумор во сепак мошне тешката епоха за сите одгледувачи на кози...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)