цар (имн.) - да (сврз.)

Коа чу царот оти од стар чоек излегол тој ум, за џуапот што му го дало момчето, многу беше се израдуал оти му нашол з'дот на младите да не ѝ губат старите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
IV Во ова царство на мажи и без царови Да му се поклонуваат сите на ножот В раце што го стегаат овие црни беласици И кории; Со него сите очи да им се извадат; Во онаа провалија долу И телата со него да им ги избодат - На опинчарите на рибарите на брсјаците Да остане ова царство пусто И само камен Црн гол камен да се народи Името под себе да ни го чува Внуците да ни ги откопаат Со нив и ние да векуваме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
4. Кога еднаш надвор од природата ќе бидам, јас никогаш В тело од природни нешта нема да се најдам Туку во облик кој златарите грчки го прават Од ковано злато и емајл златен За со нив сонливиот цар да го држат буден; Или на златна гранка ќе им пеам седнат На господата и дамите од Визант За она што минало, минува или доаѓа. (В.Б. Јејтс – „Едрење во Византија“)
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Заповедал царот да се соберат сите синои и што имат татко и што немат во фиљан ден.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Арно ама, во градот кај што седеше тој, немало девојка како што ја бараше тој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Јузбашијата ги знаеше многу убаво, тргнувајќи од својот татко — бег во Солун и преку разните негови другари — бегови, спаии, кајмаками, кадии, м"_ртии, авалеџии, беглиџии, идеше до сите заптии и колџии и нивните пљачкашки дела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зошто најпосле се дигнаа овие мирни селани против нас? — почна да се праша јузбашијата и го најде одговорот, во својата личност, кој му го откри самиот Толе: „вакви луѓе требе царот да има, та да не се буни рајата".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)