царство (имн.) - да (сврз.)

И сочини Писмородецот точно триесет и две букви, триесет и две сликички за зборови триесет и два без кои не може ниеден владетел, и кои нужни му се во уката на владеењето со други, меѓу кои најважни се: „јас“, „власт“, „уво“ (доушник што значеше, човек што слуша кој што говори за власта и потем преподава кај царот) и други, а писмото тоа изгледаше целото вака: Кога виде отец Стефан дека е добро словото што со своја рака а со писмото новородено го сочинува логотетот, му предложи да издаде заповед: по целото царство да се изучат сите нови букви; писарите, отците, управителите и сите грамотни да ги заменат старите со нови букви, за да го разбираат владетелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
III Или пак елате Објалџии опинчари рибари Брсјаци Мијаци Елате По сите ориди и по сите преспи Да тргнеме Да се изброиме Малку ли сме Многу ли сме Ќе правиме царство Да видиме колку векови ќе царуваме Кој ќе ни биде цар Кој Бог И шпиун кој ќе ни биде, Елате Да се изброиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Уште пред двеста години царот Иван Асен, кој се потпишуваше како цар на Бугарите и на Грците, прв им ја даде на моите претци грамотата насекаде низ царството да продаваат и купуваат слободно, и никој да не смее да им напакостува, било по патиштата, било на пазариштата. Токму како што вели законот за трговијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)