цвеќар (имн.) - во (предл.)

Колку што го боли раката, баш десната, толку понастојчиво поетот ги повлекува линиите небаре оттука, откај езерото од неговите песни, ќе ја здогледаме некако родната му куќа и ќе го почувствуваме опојниот мирис на шебојот од детството баш во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега се стискаат тајни шеп-шеп шепотари и јавни вревачи по фудбалските натпревари - жив доказ дека сегашноста сепак му завидува на минатото, тука, каде што некогаш сетики врвел и Јане Сандански, со очила за сонце и со џепен саат закачен за реверот со сребрено синџирче, а зад него, се разбира, врвеле и тајни агенти кои му ставале сопки на времето кога ќе подзабрзало.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега само се младее и се токмат каранфили за нови уриети - минувачите земаат здив пред новото забрзување на времето: малку им е од минатото па да му ја мислат уште и на иднината!
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Напати, баш како и сега, од Улицата на стариот цвеќар во Истанбул, се фрла директен поглед на Параходот ми пристигна, сосе очите расплачени и устето насмеано, и баш тогаш повеќето цвеќиња молкум земаат починка до новото распупување коешто мигум ќе втаса, со секое вселување на нови спомени во старите куќи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Напати, баш како и сега, на Улицата на стариот цвеќар во Истанбул, се прави трампа на стари фотографии и пожолтени сни и педантно се сортираат сите биле-поминале гушки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега врие од заитани бизнисмени со мобилни телефони и изгубени туристи со мобилни фотоапарати и со слушалки од вокмени во ушите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Напати, баш како и сега, низ Улицата на стариот цвеќар во Истанбул, удолу, кон морето, се спушта задумана тага а од зад некој прозорец ќе пролета и нежен звук на виолина.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)