цвеќе (имн.) - од (предл.)

Просторот беше прекрасно декориран со цвеќиња од најпознатата цвеќара „Цвета“ во Битола.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На сѐ така, полека се навикнуваш, небаре подлажано цвеќе од топло време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Патем, сите си ги земаат букетите цвеќиња од публиката (или од дирекцијата на театарот?), аплаузите очигледно не можат да ги понесат - тие се тешки како венци на мртовец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Внатре има исто толку светлина колку и надвор и покрај проѕирната завеса, ѕидовите бели како млеко, широк кревет од горната страна на прозорчето, а од другата, стаклена витрина со четири фиоки во долниот дел, долу светнати штици покриени со килимче какво што имаше кај тетка Евдокија во Прилеп, на средина маса со плетена покривка и модра стаклена вазничка со цвеќиња од градината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)