цевка (имн.) - во (предл.)

По половина час пушката веќе не беше тајна за него, па зеде еден патрон, излезе пред колибата, го стави во цевката, го врати затворачот, ја крена цевката в небо и го притисна чкрапалото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Работите на водоводот пак, напредуваа. Присуствував заедно со инженерите кога се ставаше разделната цевка во резервоарот за двата крака што се делеа за двата дела на Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ти имаа ставено некаква цевка во устата што испушташе звуци како труба.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
____ 1 Така се вика големата шуплива дрвена цевка во која се собира водата во водениците, валавниците и сл.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Џерард играше со флуоросцентните цевки во рацете и мавташе со нив по воздухот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)