цел (имн.) - не (чест.)

Крсте доби нови сили за живот. Неговата цел не е изгубена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А сместувањето на ваквите податоци на страниците на божјите книги имало за цел не само да ја потврди, туку и да ја гарантира, вистинитоста на записите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но ако целта не е да се остане жив, туку да се остане човек, каква важност има тоа?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Македонскиот народен јазик, во наставата го употребува, во својата цел не согорува, за македонскиот културен развиток и македонската преспектива пред сите проговорува.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Наспроти некои верувања, очигледната независност на човекот во однос на неговата ендокрина сексуалност, која не само што му овозможува да им се спротистави на нагонските притисоци, туку сѐ до староста му овозможува и сексуални односи и оргазам чија цел не е оплодување, не е знак на „дегенерација“, ниту на раскинување со природните корени на човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)