центар (имн.) - кој (зам.)

Разбрав дека во светот постојат и групни центри кои служат за лечење на лицата зависници со кои преку разни методи успешно ја сузбиваат апстиненцијалната криза.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Книжевниот критичар Леон Сомвил во музејот ќе види епицентар на еден немир за да се избрише секаков белег на цивилизацијата, а во библиотеката центар кој ги содржи неодминливите законитости на универзалната уметност, додека во книгата Атеистички музеј се зборува и за една победа на силите на животот над инстинктот на смртта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јадеше стоејќи. Ги истресе трошките од рацете и му се обрати на командирот на командниот центар кој стоеше настрана: - Ќе може ли со џип да се оди до Лабаница? - Тешко... Падната е карпа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Едни започнаа да стравуваат за судбината на Езерото, да не влезе некаков зол дух во водите, раководен од некој непознат и далечен центар кој немаше ништо заедничко со животот покрај реката и Езерото, и да ги натера јагулите да бегаат заедно со пастрмките и со сиот живот во него, па и пошироко покрај него.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ако се исклучат основните белези за Келн, дека е град кој се ближи до еден милион жители и дека располага со над 300.000 коли, град во кој се гради подземна железница и дека е еден од најголемите трговски центри кој се наоѓа на крстопатот на сите северозападни пазари на Германија, тогаш останува да се рече и тоа, дека е тој организатор на разни саеми и изложби, повеќе од меѓународен карактер.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)