цигара (имн.) - ја (зам.)

На клупата под старата цреша цигарата ја пушеше на голо, без кафе и пријателки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Скокна младиот артист, а мастиката му се одлеа од чашката додека цигарата ја изгасна не во пепелницата туку во пјатото со варените јајца исечкани на тркалца и посолени со црн бибер во капка зејтин.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)