цимет (имн.) - или (сврз.)

Вистинско задоволство би било ако после долги патувања ќе се напиете топло чоколадо со цимет или топол чај по ваш вкус, можеби од мајчина душица.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Би си ја разгалиле душичката и со пилешка супа со рузмарин, а за десерт смокви со рикота сирење или најдобриот лек за да ја заблажите болката, парче чоколадна торта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Расклокотени како тазе варено капучино Со лажичка свеж цимет Или свежа цанелла Како што би рекле оние кои сонуваат на латиница Кој како што доаѓаше од доселениците Секој својот сон си го теглеше и толкуваше Секој во својот сон си се олеснуваше И во туѓи соништа не буричкаше Отпосле се дозна и се запиша дека за своите исчашени сонови Некои страствени сонувачи Оделе на Голи Оток или на некој Гулаг По патеката на соништата Поплочена со петокраки И кајшто оделе песни пееле Паѓај сило и неправдо На нозе презрени од светот Си мислеле кој пее зло не мисли Ама не разбрале дека е поважно Која песна се пее И не разбрале дека на тие кои мислат Воопшто не им било до песна Па си останале такви Со недопеани песни во грлото
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Пиеја зашеќерено варено вино со цимет или со црн пипер што самите го правеа, јадеа домашни пити со праз или со изварка што ги замесила нечија баба, понекогаш некој ќе донесеше и лути домашни свински колбаси, мезеа руска салата од зимниците на нивните мајки и прво дискутираа со саати, за на крајот да завршат со свирка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)