црква (имн.) - свети (прид.)

Султанот Абдул Азиз кон крајот на XVIII век испрати ферман во кој се вели: „По барање на муслиманското и на православното население на градот Белград Арнаут (Берат), наредувам да се подигне црквата Свети Митри во центарот на овој град”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„ Каде се наоѓала црквата Свети Мартин?“, праша Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа беше како травертин, онаа тврда материја која беше настанала од талогот од варовните топли извори, па уште од најстаро време служел за одличен градежен материјал, од кој е изѕидана црквата Свети Петар во Рим.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Високо во воздухот, се позлатија и пламнаа кубињата од црквата Свети Климент.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
8. На граничниот премин Кристалопиги – како што погоре е речено -по старо селото се вика Смрдеш, името го носи по кристално чистата вода што извира од планинскиот извор покрај црквата Свети Ѓорги, една од најубавите во костурскиот крај, полицаецот лист по лист ги прелистува пасошите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Отшета полека до северната страна на плоштадот и почувствува млако задоволство кога ја распозна црквата Свети Мартин, чии ѕвона, кога имала ѕвона, отчукувале „Ти ми должиш фартинг“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)