црквиче (имн.) - во (предл.)

- Еднаш бев со мајка ми во некое мало црквиче во Капиштец и сигурна сум дека таму нема куќи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Катерина Кедрос ќе „блада на јазик што го мрази“, авторот ќе се моли за спас на душата на својата (можна) сонародничка, а книгата „Псалми“ ќе биде сместена во музеј крај црквиче во реонот на Фенер - за да остане засекогаш неодгатнато колку таа книга навистина била стара, кој ја напишал и која е нејзината смисла.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Околу четири часот по алатурка се зададоа од Старавина десетина аскери со забитот и ја преминаа реката токму кај малото црквиче во кое вчера палеше свеќи калуѓерот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Патем, одејќи на кај црквичето во подножјето на Водно, недалеку од нашата зграда, вежбав плукање низ заби.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)