чад (имн.) - да (сврз.)

Можеби и чад да ми пушти од ушите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само еден чад да тргнам, велам... Њет, њет, ми велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Огинот гореше меѓу двете колиби, некаде на средината така што можеше чадот да ги брани од комарците и двата влеза. - Бреј, стрвници, како кучиња се нафрлуваат!..
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тргам и не можам од чадот да си ги видам иследниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)