чанта (имн.) - во (предл.)

Однатре излезе човек, бос и со чанта в раце.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сотир Паскали со чантата во рака нервозно чекореше од едниот до другиот крај на холот на хотелот очекувајќи го Камилски, кој спокојно му се доближуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски внесен слушаше. Првин ја стави Книгата за воспитувањето во својата излитена професорска чанта во првата преграда која ја затвори со металното синџирче, а потоа слушајќи го внимателно Татко, погледот го упати врз неколкуте отворени книги и списи за лавиринтите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Алајко Ошев и Митре Ирчев, луше од власта и на власта, едно јулско утро измазнети, стокмени, со црвени вратоврски, утлеисани, со б`снати чевли, со чанти во рацете го чекаа џипот за да ги однесе во планинското село Ошево, како членови на Мировниот совет, како авторитетни помирители, но не и на војување (војната ја поминале „во позадина“).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Збунето влегов во кујната со чантата во раце, а ги слушав ударите и на своето срце.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Соблечи се Христина, - ми рече и јас тогаш сфатив дека стојам облечена со чантата в раце сред кујна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Ајде сега однеси ја чантата во твојата собичка, - рече мајка ѝ.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Светло кафени тенки чевли на средно – висока потпетица и мала чанта во истата боја.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ги фрли палтото и чантата во ходник и побрза да се заклучи во бањата. Се погледна во огледало.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ема само што се беше вратила од училиште тој ден.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)