чардак (имн.) - кој (зам.)

Се искачија до пространиот чардак кој веќе му беше познат на Климент Камилски од последната игра покер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа е типично старовремска германска куќа, со тесни и мали прозорци, дрвени скали, ли се извишуваат стрмно, на високо; со чардаци кои, додека одиш, скрцкаат; со големи одаи, приемни, спални и многу други простории.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сликата е направена од далеку: се гледа дел од куќата и прозорците низ кои ѕиркаат женски и детски глави; чардакот кој е нагрозден од свадбари загледани во орото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)