чардак (имн.) - во (предл.)

Таа тивко, нечујно се искраде од чардакот во главата со нови мисли за можните планови на Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XIX Полковниците по пријатната прошетка што ја направија со чун по езерото, седнаа на чардакот во очекување трпезарот да го постави јадењето во трпезаријата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Илко и Доста се прибраа, и по слабата вечера, се најдоа на чардакот во постелата од нов посталач и нов покривач.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еве ќе ти опишам една негова вообичаена неделна „демонстрација”: Напладне, кога пред единствениот чардак во околината ќе се собереа на илјадници туристи, се појавуваше Kosznovszki Marton со мотика на рамо и со векна од две кила под мишката, во пантолони што горе беа прешироки а долу претесни, со сив или црн шешир на главата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мајка и ние, децата, од честото Татково пеење на песната на чардакот во квечерините, ја знаевме наизуст.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XX Мајка, загледана од чардакот во солунските галеби кои повторно се враќаа и застануваа на малото островче на реката, продолжуваше да го прелистува, по којзнае кој пат, својот каталог на италијанската стоковна куќа Ла Ринашенте, од пролетната мода во Италија, во 1949 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)