час (имн.) - му (зам.)

Одеше Богдан по него, а тој, час му се јавуваше, час му се губеше низ ветерот што дуваше, низ дождот што паѓаше, менувајќи ја страната и го влечеше Богдана да оди по него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Потем, полека се наведна и нежно ѝ ги допре меките усни што в час му исшепотеа толку многу љубов од којашто како да настапи едно бесконечно радосно лебдење во простори каде што тревјето беа бујни, дрвјата расцутени и сè толку разно бојно, што луѓето изгледаа среќни поради толку гласната смеа на сите деца на светот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Пред половина час му се радувавме на сонцето, а сега!?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
За час му оживееја безброј спомени.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но затоа, пак, кога дојде вечерата, расположението истиот час му се врати; тој задоволно ги протри рацете над разимената чинија и гласно извика како ништо да не било пред тоа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
” Во гробот на Богдан му го ставија и албумот што во смртниот час му го најдоа стиснат в раце и со поглед исчезнат во него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Капетанот го крена својот капетански двоглед, ја догледа уморната птица на врвот од јарболот, а под строгите веѓи лицето за час му се озрачи со топла насмевка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)