час (имн.) - ни (зам.)

Појадувавме едно парче леб со кашкавал или салама и чаша чај или млеко. Во осум часот ни почнуваше наставата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Свети Аранѓел, вели Григор Бакалот, секој час ни е со сабјата над глава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Час се појавува, час ни се губи, се дави во вителот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Брзината на автомобилот за час ни фрла пред очи куп убави и непознати нешта, а потоа уште побрзо ги брише. Како некоја волшебна гума...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)