час (имн.) - јас (зам.)

Во тие глуви, пусти часови јас најчесто се довлечкував до она место на таванот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ми се придружија Мацка, Весна и Тања, а сите други нè убедуваа да останеме уште и дека само клинците си оделе толку рано.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Некаде по 23:00 часот јас објавив дека ќе си одам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Околу четири часот јас се приготвив да излезам во градот и довршам уште некои работи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)