час (имн.) - вози (имн.)

По неколку часа возење стигна до подножјето на планината на боговите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За тие половина час возење обично ги правеше своите планови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нема да ги затворам очите пред новото изгрејсонце, почеток на обичен пријатен ден и илјада причини за живеење, а ти беше единственото нешто совршено...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
По два часа возење, тракотење и трускање, џипот се спушти во селото и застана сред село.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во дефиницијата на овие два вида вработување, заедничко е што може да се склучат на неопределено или определено време со пократко работно време од полното работно време, согласно со ЗРО или прописите за професионална рехабилитација и вработување на лица со инвалидност и на работно место што е оддалечено најмногу 2 часа возење со јавен или превоз организиран од работодавачот од местото на живеење на лицето до местото на работата и назад, односно 1 час за невработено лице кое живее самостојно со дете на возраст помало од 15 години во рамките на заедничко домаќинство.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А се што срцево сака беше одалечено не повеќе од половина час возење до едноставен убав свет создаден само за мене, односно пријатно место за создавање едноставна убавина и нема да дозволам некој да ми го украде.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ѓорѓе да можеше двата часа возење ќе ги претвореше во четири.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рано изутрината отиде на лов со пријателите, во планините, на еден час возење од Скопје.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)