час (имн.) - време (имн.)

„Добро е - си вели рабинот откажувајќи се од саканиот пијалак - малку да дремнам, барем додека не се сервира вечерата што секако ќе биде за час време.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Веќе беше спакуван и седеше во својата хотелска соба не знајеќи како да дотолчи скоро уште еден цел час време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На чешмата на врвот на ридот кадијата слезе од коњот и ги почека беговите и сејмените, та направија еден одмор од половина час време и еден добар појадок.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Снегот во меѓувреме од сонцето подомекна и ние се грабнваме да се тепаме со грутки, така што не ни чувме кога Петре Питропот ја наду гајдата и кога малдите и мадоженците се нафатија на оро, селаните се собраа и поиграа колку еден час време, а потоа луѓето тргнаа по визити.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Им остави еден час време на терачите да почекаат додека тој со другите двајца чекачи се искачи до местото каде што треба да чекаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По минат еден час време и отворање на многу врати, Јана успеа да ѝ ја исполни желбата на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По ручекот и одморот од еден час време сејмените пак им ги навреа белегзиите на рацете и ги потераа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)