час (имн.) - негов (прид.)

Во таков еден час неговото неубаво лице како да стануваше друго, убаво.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секој час неговите прсти ја прошаруваат нежно таблата, разузнавајќи ја позицијата што се менува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во истиот час неговите многубројни слуги, градинари, цвеќари и стражари се растрчаа на секаде, по блиски и далечни краишта да ги собираат децата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во истиот час неговите многубројни слуги, градинари, цвеќари и стражари се растрчаа на секаде, по блиски и далечни краишта да ги собираат децата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)