час (имн.) - лево (прил.)

Гледаше час лево час десно, небаре го демне, од некаде, вечно присутниот Мирон Донски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се виѕирав по ѕидовите, по аглите, се вртев час лево, час десно, гледав и угоре и удолу, барав, но ништо не здогледував.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Стоеше и се поместуваше час лево, час десно, трепкаше со очињата како да сакаше да им рече дека ги чека.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повторно црнокосата ја стави на градите, но таа без желба бунтовно ја вртеше главата час лево, час десно, избегнувајќи ја пупката од која во млазеви истекуваше млекото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)