час (имн.) - неделен (прил.)

Со ваквата законска резерва се остава широка можност за злоупотреба во праксата, каде работодавачот искористувајќи ја својата надмоќна позиција во однос на работникот, преку разни закани и притисоци ќе издејствува да ја добие оваа „согласност“ на работникот; г) до терминолошка измена дојде кај дополнителното работење со промената на нејасниот, конфузен и терминолошки недоследен „договор за вработување со скратено работно време“ со поприфатливиот „договор за вработување со неполно работно време“ (part-time job) (чл. 24 од ЗИДЗРО/фев.13);29 д) во сферата на прераспределбата на работното време кон чл. 124, кој ја регулира оваа материја, беа додадени нови четири става кои нормираа дека при прераспределба на работното време кај сезонската работа, тоа не може да биде подолго од 12 часа дневно или 55 часа неделно, за време не подолго од четири месеци.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Од друга страна, за време на СДСМ, законското полно работно време е намалено од 42 на 40 часа неделно, воведени се одредби за недискриминација на работното место, даден е придонес за поголема рамноправност на половите на работното место, работничките добија право на посебна дневна платена пауза за доење на дете, а малолетни- те и повозрасните работници добија право да не вршат работа ноќе.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)