час (имн.) - поскоро (прил.)

Затоа ние час поскоро треба да си отвориме свои училишта и свои цркви и во нив да си поставиме наши учители и наши свештеници, вели Максим.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас мислам оти ништо друго не ни останува да направиме, освен да се однесеме со полна доверба кон реформаторските усилија на двете заинтересирани сили и со тоа да ги ангажираме час поскоро да се воведат обеќаните реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ете зошто час поскоро треба да си ги одделиме нашите интереси од бугарските. Тоа го бара од нас благоразумноста.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Замореност стоеше на неговото побледнето лице и двајцата сакаа час поскоро да се заврши тоа измачување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го зафати желба да ја види час поскоро гредата што требаше да биде неговиот срамен столб.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во градот кој го сочинуваше мнозинското грчко население, покрај припадниците на други народи, постоеше и сосем одвоено еврејско гето, опколено со цврсти ѕидови, додуша наследени од минатото и уште во тоа време почувствувани за непотребни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„ Доцнел и порано”, рече другиот, „но никогаш како сега”.  Карер го разбира тој прикриен говор во кој се чувствува стравот поради кој поразните состојби во животот му се припишуваат, општо на времето, а не на воените или на политичките околности и затоа час поскоро се враќа, како впрочем и тие, на претходниот дијалог.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од парталите Грдан ја имаше старата торба, зашто нова Горда не успеа да му подари за божемниот роденден, а од друга страна требаше час поскоро да го ослободи станчето заради жената што требаше да го зачисти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А можеби и го напил само за да заборави час поскоро што се има случено, и да не се сети никогаш повеќе каде бил и што правел таа вечер".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Рајно“, ѝ реков, „Сѐ ова што го прикажуваш можело ама и не морало да се случи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Имав впечаток дека прескокна нешто за да втаса час поскоро до прозорецот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Настанот што ќе ви го опишам всушност и ме насрчи час поскоро да ѝ ги презентирам на нашата јавност моите наоди во врска со наездата на сенките.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На врв на сѐ, католичкиот свештеник во својата беседа рече дека бил со Борхес ноќ пред овој да умре, го исповедил и му дал простување на гревовите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Она што печатот не го објасни, меѓутоа, е дека Борхес во текот на целиот живот беше убеден агностик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхесовиот агностицизам се покажа како уште една фикција?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Печатот час поскоро објасни дека тоа е затоа што Борхесовата мајка била католик, додека баба му по мајка била протестант.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)