час (имн.) - или (сврз.)

Домаќините понудија две можности да патуваме во Амстердам - со автомобил или со воз, односно за четири часа или за два и пол часа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа беше и правило на играта: насмевка на прозорското стакло и правото да следам една жена очекувајќи како очајник дека нејзината врска ќе се синхронизира со онаа што самиот ја одредувам пред секое возење, а тогаш - секогаш до сега - да ја видам како свртува по друг ходник а не можам да ја следам бидејќи сум приморан да му се вратам на горниот свет и да наминам во некое кафуле и понатаму да живеам сѐ додека постепено, после неколку часови или денови или недели, жедта пак нѐ ме натера да ја испитам можноста еднаш сѐ да се поклопи, жената и прозорското стакло, насмевката прифатена или одбиена, врските меѓу возовите, а тогаш, најпосле - да, точно, потоа правото да пријдам и да го изговорам првиот збор, густ од улежаното време, од бескрајното прпелкање на дното на бунарот меѓу пајаците на грчот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секој ден, во попладневните часови или на полноќ, ќе збувнеше пожар де на едниот, де на другиот рид, чиниш тревата сама од себе се палеше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По извесно време, може час или нешто повеќе Сликарот се најде во градината на Сарајот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За час или час и половина, целиот простор наоколу беше полн со народ.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Помина цел час или повеќе и дури тогаш од зад куќата, по она тесно патче, се слушна дрангарање на количка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, во ситуацијава, кога пред мојата смрт ми останува да живеам уште еден час или два, додека ја фрлам и последната бомба, и да го тргнам чкрапецот на мојот нагант, мислам на тебе, писмото нека ти докаже колку многу те сакам.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ако не сега, по еден час или утре, задутре... за малку сме запрени во твојот ан.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Доколку работодавачот не може да елиминира некој од посточеките ризици, тој е должен да изврши промена на условите за работа, работните часови или да понуди алтернативна работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Добиваш 4 долари на час или 10 центи по џеб.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќето добиваат помеѓу 10 и 15 долара на час.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Искусните работници можат да сошијат два џеба на минута и да заработат 18 долари на час. Тие се генијалци.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)