чевел (имн.) - не (чест.)

Му ги собувам чевлите, на умрен чевли не му требаат, си велам, и му ги отпетлувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А јас будалиот дури сега забележав дека чевлите не му се врзани.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- „Па твоите чевли не биле нови” - рече едно утро кога ми ги подаваше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но чевлите не би биле верни ако, по долго талкање, не се вратат дома сами, како верни кучиња, и ако едно утро не ги дочекаат стопанинот пред сопствената врата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој никогаш не бил чистач на чевли на железничка!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ха, никогаш со крема за чевли не си цртал мустаќи!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во оној син фустан и со бела шапка. Само чевлите не ѝ ги видов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)