чедо (имн.) - од (предл.)

Заѕиданата мајка, принесена како жртва во темелите на мостот, на тврдината, од страна на своите девери, за да не се урива градбата, барала да се отворат дупки за да може низ нив да се дои чедото од градите на мајката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му говорев за мојата мајка на која посветив еден цел роман, (објавен во циклусот во кој ќе се најде и романот Амбасади) со нејзиното име и презиме, која беше секогаш пред балканската историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Синко бре, чедо бре, Силјане! Остај се, бре, чедо од лошио ајљазлак што си го ватил; остај се од тие лоши другари што не сет домаќинцка челад.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ги спасуваше своите чеда од историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)