чедо (имн.) - тогаш (прил.)

И мене очите не ми ослепеле, зашто ми требало виделото да го пронајдам, да го погребам, да го тажам - ама и за враќањето ми требало - да ги видам и мајка - свекрва и Ѕвезда моја, ѕвездулче мижуркаво - без таткова закрила - сираче, оф, леле, - офна стишено, па се сврте кон неа, ја гушна со милина, небаре чедо тогаш родено, со здивот да си го стопли.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)