чекан (имн.) - во (предл.)

Зовреа чеканите во тунелите, чеканчињата во бараката, а веќе и фабричните камења затрескаа еден во друг да го сомелат племенитиот метал заради кој во оваа пустелија беше дошле европските лакомци и ја собрале сиромаштијата од разните краишта на Македонија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ж: Реално гледано тоа не е баш музиката за која ви зборувам, но впрочем, можеби и оваа мојата ќе ве заинтригира барем исто толку.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ве гледам вас со чекан в рака растурајќи еден по еден грамофон во парчиња, во звуците на Бетовеновото ремек-дело, Победата на Велингтон.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
2. Се разбуди на сува трева и го чу белото бранесто брзање на реката и уште - ситни удари на чекани во петте грча на здробените зглобови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред мене веќе стои еден човек со чекан во едната рака и со срп во другата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)