чекор (имн.) - им (зам.)

Секој чекор им бил под чапунките нова Голгота. Ретко наоѓале вода.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја следеа. Секој нејзин чекор им беше важен.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Добитокот и од камен корнел трева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекорите им станаа несигурни. Во неподвижниот воздух се слушаше единствено дишењето на натрапниците.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Како што сами им се најдоа рацете, така и нозете сами им зачекорија; но иако прстите им имаа цел, чекорите им немаа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пророштвата не се за оние кои не веруваат, велеше Тој, и чекор по чекор им се доближуваше на остарените стебла, се поздравуваше со нив, и никој и не забележуваше како се разретчуваа честаците, та не остана ни гранка ни стеблика кои не ги помилува и со душа и со раце, и со кои не поразговара.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)