чекор (имн.) - натаму (прил.)

Обично чекаа да помине доволно време за да го сварат акумулираното за да можат, при следната средба, евентуално, да направат чекор натаму.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Барањата на Другиот го преземаат обликот на над-јас наредбата за уживање (во облик на „социјален успех” и сл.) под заштитнич­кото старателство на „големиот Друг” што е чекор натаму од нарцистичноста на „големото Јас”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го гледав како ја поткрева ногата и ја потсвиткува во коленото, готов да го издолжи чекорот натаму по патот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој тргна неколку чекори натаму, арно се загледа и запре. Не прилегаше како за крчма.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Потоа прави чекор натаму и пак се враќа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И одново - десетина чекори натаму, десетина наваму. Тишина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И почна - десетина чекори натаму и толку наваму.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)