чекор (имн.) - потаму (прил.)

Сакав само да ти речам дека јас, по таа средба, повеќе нема да направам ниеден чекор потаму и да те прогонам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На многу места по снегот веќе немаше ни капка крв, но затоа пак неколку десетини чекори потаму тој беше целиот натопен од некое густо крваво избликување, и Змејко знаеше дека неговиот пријател напред застанал тука во својата разоденост да си ја излади раната и да здивне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаат да зацелеат, како ни една друга животинка а нема да ти се вратат в раце, тие големи самјаци, сè додека се во состојба да направат барем уште еден чекор потаму, а ти оди ако сакаш по нивната крвава ораница со денови, со недели.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Фактички, штиците ни се потребни и без нив не можеме да направиме ни чекор потаму во социјалистичката изградба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Друга работа што може да попречи е нејзината самопромоција - секако дека секој уметник сака да ги продаде своите дела, ако поради ништо друго тогаш барем за да преживее, но Орлан оди чекор потаму од тоа, можеби и предалеку.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од една страна, значи, таа тврди дека се бори против „општествено прифатената убави­на“, па дури и против „Бога, програмираноста, DNA“, но како цел на своите реинкарнации таа избра некои од општествено најпознатите и најпризнати дела што ја величаат убавината!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Марсел Дишан 1919 г. врз главата избричи тонзура со ѕвездест облик шеговито тврдејќи дека уметникот може да стане уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пиеро Манцони отиде чекор потаму, претставувајќи го биолошкото тело на уметникот како уметност: „Во мај 1961 произведов и потоа во 90 конзерви ставив ‘гомно на уметникот’ (по 30 грама во секоја) со природен конзерванс (made in Italy).“ (Manzoni, 1962.)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А само чекор потаму се сторивте двајца некој ти се придружи; привид или сенка, штотуку излезена од вратата на сонот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)