чемер (имн.) - и (сврз.)

Пушките грмат, песна се ори, истурил народ чемер и бес!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Во него лутината и спокојот, бесот и добрината, чемерот и радоста, моќта и немоќта беа толку испреплетени, што тешко можеше сам да ги раздвои.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Целосно ја крена браната за да истече сиот пелин, чемер и јад што ѝ се беше наталожил во душата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)