чин (имн.) - кој (зам.)

Тие, нашите, со пониските чинови, тука се, а тие со големите чинови кои никогаш не биле ранети во бој, си отидоа дома, во Грција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Затоа престојното востание тој не го сметал како чин кој требал да придонесе за ослободување на Македонија, туку го разбирал како една поширока оружена акција која како продолжение на онаа горноџумајската, предизвикана од Врховниот комитет, ќе го вжешти уште повеќе македонското прашање, ќе го направи уште поактуелно, а сето тоа во рамките на онаа политика изградена во Софија што предвидувала преку судири, притисоци, “метежи“, пропаганда и слично создавање на нужната атмосфера за “престојното“ ослободување на Македонија од бугарската армија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Изборот на синтаксата и речникот е политички чин кој го одредува и ограничува начинот на којшто треба да се доживеат „фактите”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Намерата да се обнови марксистичката традиција во постсоветската Москва е чин кој по ексцентричноста не заостанува зад Бренеровиот и Куликовиот „анти-интелигентен” егзибиционизам.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)