чистилиште (имн.) - во (предл.)

И јас сум прероден Јас сум свој по векот минат Во ова чистилиште Во оваа палата од запален сон Сместена во далечна Туѓа ноќ А, сепак, моја ноќ Што, ене, ви мавта Од последниот прозорец на векот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
И еве сега ова трагање по опасните турцизми во балканските јазици, кое, секако, беше и израз на духот на времето, за кое се залагаше неговиот добродушен пријател Камил Климент Камилски, си го сметаше како егленџе за душата, сакајќи, сепак, да ја покаже низ една толку противречна синтагма опасноста од турцизмите, во обратен процес на релативизација (безопасноста на турцизмите) низ мисловното чистилиште во кое ќе ги подложат избраните опасни турцизми за да ја покаже релативноста на овој монтиран процес на чистењето на јазиците, својствен за мешањето на историјата дури и во делбата и во поставувањето граници во јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ме очекува уште менталната тортура во Атеистичкиот музеј во Скадар, како можно чистилиште во пеколното патување, каде што душата би требало конечно да биде исчистена со идеолошката моќ и триумфот над троверјето со устоличување на Водачот како Бог.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)