читање (имн.) - во (предл.)

Рада и Јана занесени во читањето во ист миг ги штрекна остриот звук на јантарниот германски телефон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Читањето во семејството беше еден од дофатливите облици на среќата, на семејната радост во егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се разбира, јас си велам дека вие веројатно сте предвиделе доволно книги за читање во летните одмори, но не ми се лутете, ако ја додадеме во вашата листа и предложената книга.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Има многу години откако ја напуштив универзитетската средина, а и немам некакви врски со светот на издавачите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Херменаутиката е општа пракса на лектира или одгатнување на религиозен, литературен или филозофски текст, и која претпоставува дека текстот овозможува читање во одредена смисла, и дека, доколку се обрне внимание кон длабочината на текстот, нужно се доаѓа до смислата, до содржината и значењето на текстот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)