чичко (имн.) - со (предл.)

Чичкото со џбунови по лицето, кога сме сами, ми се жали дека неговиот братучед, татко ми, требало повеќе да го почитува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со својата прекрасна, кротка насмевка ни го разубави денот на сите. Добриот чичко со лопатата!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
По белите ѕидови немаше апостоли и ангели, туку со крфии заковани кадра на некои чичковци со строги погледи од зад големи окалки, а на местото од милата Богородица, една женичка во годините на мајка ѝ застаната на средината од ѕидот и со голема тетратка во рацете од каде ги вадеше имињата на децата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дојде еден чичко со лопата. Си влезе во нашиот двор, си седна на скалите, а лопатата ја стави меѓу нозете.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Јас ќе ти бидам внучка, - рече Билјана, гледајќи го со насолзени очи чичкото со лопатата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)