човек (имн.) - верува (гл.)

Бидејќи на човекот, на секој човек верувам, а особено на осамениот, најмногу од сé, можеби повеќе и од самата вулгарна храна, му треба човечки збор, јас него го наоѓав во деновите пред вселувањето во оваа “моја” гарсониера, во читањето оти тоа за мене беше најдобар, највдахновен и најбезбеден разговор со човекот што се потрудил, ризикувјќи ја сопствената приватност, да ги стави своите размисли и чувства на хартија а потоа, претрпувајќи го цел оној унижувачки чин на оценка, уште okno.mk 71 и да ги обелодени пред јавноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Една девојка е сигурна дека некои нејзини мисли се всушност туѓи наметнувања, и прави спротивно на нив - ако прво помисли: овде ќе ја преминам улицата, веднаш потоа се спротивставува, и преминува на некое друго место; ако си рече: „Време е да јадам“, во следниот миг решава да остане гладна до следниот ден; ако си помисли, додека пие вода: „Пази да не ти се лизне чашата од рацете,“ уште веднаш ја фрла чашата на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еден друг човек верува дека сите мисли кои се јавуваат во него некој друг ги внел во неговата глава.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но и тогаш една од причините за полудување доаѓа од Бога – во времето на ренесансата лудилото е сфатено како последица на три основни грева: лудило на вообразбата, кога човек верува дека е некој, или нешто, што реално не е; лудило како Божја казна; лудило како последица на огромна страст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Исцело, како мошне млад, ги сакав нејзиниот лиризам, нејзините објави на војна кон религијата и семејството (реченицата “Ги мразев огништатата и семејствата, секое место за коешто човекот верува дека нуди одмор” секогаш ја преведував едноставно: “Не сум семеен човек”).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ниче пак на необичен начин ме упати кон Русо, Русо од Фантазиите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тоа време во секој од големите градови постоел по еден затвор кој бил наменет за лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)