човек (имн.) - кому (зам.)

„.. Тој Брзакот беше нешто како недоветен, човек кому нешто му шумеше во главата...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зар не беше тоа предупредување за многуте тајни во врска со човекот кому му бев целосно посветена, вклучително и за оваа најубиствената, што сега се откри, а кое јас никогаш докрај не го доведов до мојата свест.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На мал простор од овој роман, благодарение на вешто водените наративни стратегии кои ги користат искуствата на традиционалниот и постмодерниот роман, се покренуваат некои од клучните теми одбрани од корпусот на интересирање на балканскиот човек кому типолошките карактеристики на ликовите и на ситуационите модели по мерката на препознавање му се најблиски, но би било погрешно да се разбере Бунар само како водич за балкански менталитет и да се чита како што се читаат Андиќевите дела за да се разберат причините за балканските судири.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)