човек (имн.) - цел (прид.)

Велат дека кога Диего Веласкез де Силва починал, шпанскиот крал Филип IV не сакал да јаде, пие и комуницира со ниеден човек цели четири дена.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога ми го зедоа човекот цела ноќ не мигнав. Око со око не можам да ставам, да склопам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А по неколку часа: „И гледаш најпосле, нараснал, се насобрал кај човекот цел еден живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зошто човекот цел живот се мачи за еден ден да се радува, господе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)