човек (имн.) - најмалку (прил.)

Многу интересен круг на познанства се создава кога човек најмалку очекува.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Терасата на ресторанот неочекувано се отвораше накај Јадранот, кој тука ненадејно се појавуваше сред градот, на место каде што човек најмалку би можел да го очекува, зашто тој впечатлив син блесок не користеше за ништо друго освен за да му го збогати шаренилото на боите на пазарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најубава и колку што е можно понереална приказна, од која ќе ги заборавам родољубивите и противречните лаги од овие неколку весници што ги купив токму на брегов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја гледав, додека така ја замислував, како се срами од својата голотија пред децата, иако човек најмалку се срами кога знае дека е на неколку чекори од смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ги прават тие неколку чекори, влегуваат во просторијата со тушеви.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)