човек (имн.) - секогаш (прил.)

Биди горд на она што мина, не оставај никој зад себе што вреди, таков човек секогаш верен ќе ти биде, такво чувство се сретнува ретко, праведен биди, како сенка ќе те следи.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Претставувајќи си го, човек секогаш гледаше слика на колена со дупчиња и ракави подвиткани над дебелушкавите подлактици.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А зашто таму, каде што се пазари, нашиот човек секогаш е надмудрен, секогаш во „печалба“, останат со поиспразнет џеп.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во секој случај човекот секогаш виѓава нешто повеќе одошто може да изрази.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Стремејќи се кон достигнување на лажната сигурност која ја даваат парите и имотот, човек секогаш заборава на суштинската грижа што мора да ѝ ја посвети на својата бесмртна душа, та почнува да се грижи за заработката, за покривот, за козите...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Отпрвин, нешто измислувајќи, нешто украсувајќи, тој го воведуваше во занимливиот свет на своите доживувања, во кои човекот секогаш победува и се ослободува себеси од нечија волја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но исто знам дека човекот секогаш сака да биде со некого, па макар и надалеку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Човекот секогаш пати од главата. Друг пат да не влегуваш во туѓи куќи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ама човекот секогаш си ја носеше личната карта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа што природата сама го созадава, човекот секогаш треба во чекор да го следи – мудруваше старецот. –Види го темното царство на пролетните мравки!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Зашто зад тоа човек секогаш паѓа во еднакво време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вредеше да се остане малку за погледот, малку за стравот што ми надоаѓаше однатре – или беше зашто бев гола, снегот раскашавен и мојот капут во хотелот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)