чувар (имн.) - во (предл.)

Не знам колку уживаше татко ти во онаа работа како вратар, или поточно како чувар во Градината на среќата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Работеше како ноќен чувар во една од малкуте фабрики во градот, беше бедно платен и како голем дел од неговите врсници живееше од пензијата на неговите родители.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тој е создател и чувар во исто време- рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Овие археолошки антиквитети се препродавани на аукциите, заштитени од вооружени чувари во подрумските галерии или во палатите на богатите колекционери.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)